Германскиот ветеран потпиша договор до крајот 2018 година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бастијан Швајнштајгер останува во Чикаго бидејќи потпиша нов договор со клубот од МЛС.
„Среќен сум што го продолжив договорот со Чикаго, ќе го продолжиме она што го започнавме. Минатата година беше посебна за мене. Не и комплетна бидејќи не стигнавме до трофеи. Сигурен сум дека наредната сезона може да биде успешна за нас. Ми се допаѓа градот, клубот и со нетрпение чекам да започнеме со натпреварите“, изјави Швајнштајгер.
Деталите за новата соработка не се објавени, само се знае дека минатата сезона 33 годишниот фудбалер заработуваше 5.4 милиони долари по сезона.