Дома Фудбал Mурињо по поразот од Атлетико на новинарите им покажуваше фотографии

Mурињо по поразот од Атлетико на новинарите им покажуваше фотографии

Градското дерби во кое Атлетико Мадрид го победи Реал Мадрид со 2:1 доби драматичен продолжеток, а острите обвинувања од таборот на Кралскиот клуб беа во фокусот на јавноста.

Реал Мадрид на официјалните канали сподели извештај со пораката дека „ужасното судење го реши дербито“, истакнувајќи дека Чути Ромеро и Канг-ин Ли требало да добијат црвени картони за опасните стартови над Џуде Белингем и Федерико Валверде.

Особено буран одговор даде тренерот Жозе Мурињо, кој на прес конференцијата донесе фотографии од контроверзните моменти.

“Можевме да ја прескокнеме прес конференцијата бидејќи приказната на натпреварот е токму тука. Тоа се два чисти црвени картона”, изјави тој.

Португалецот понатаму јавно го нападна главниот судија Ариас и ВАР судијата Даниел Трујиљо.

“Тоа е господинот Трујиљо, ВАР судија. Го повика судијата кај првата ситуација, но мислам дека не го направи тоа кај втората, која беше уште појасна. Тој има многу богата историја како ВАР на натпреварите на Реал Мадрид”, потенцираше тој.

Мурињо исто така упати и серија критики за изборот на арбитерот, подвлекувајќи дека се работеше за чудни одлуки.

“Тогаш имате судија од 41 година кој не е меѓународен судија. Јадниот човек не издржа на притисокот”, додаде тој.

Иако и Реал во продолжението остана со играч помалку по исклучувањето на Деан Хујсен, што Атлетико го искористи со головите на Грималдо и Џонатан Дејвид, тренерот на гостите нагласи колку тоа го промени односот на силите.

“Во првото полувреме зборуваме за дерби каде требаше да биде единаесет против девет, а во второто беше единаесет против десет”, истакна тој.

На крајот, стратегот на Мадрид нагласи дека не сака да верува во теории на завера.

“Не сакам да речам дека ова било претходно подготвено. Сакам да верувам дека едноставно направиле грешка. Сакам да верувам дека судиската комисија погрешила”, заклучи Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајцарија ќе гостува во Скопје без Џака – отпадна поради лажна потврда за вакцина!

Македонската репрезентација ќе има една олеснителна околност пред дуелот со Швајцарија, би…