Дома Останати Ракомет Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Вардар со нови термини во Лигата на шампионите: Променет распоредот за два европски дуели

Навивачите на Вардар ќе мора да направат корекција во своите планови, откако беа направени промени во календарот за два натпревари на македонскиот шампион во групната фаза од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Европската ракометна федерација (ЕХФ) го измени распоредот на средбите против Нант и Висла Плоцк, а клубот веќе ги информираше своите симпатизери за новите термини.

Домашниот натпревар против Нант од второто коло ќе се одигра на 16 септември во СЦ „Јане Сандански“, но наместо во првично планираниот термин од 20:45 часот, средбата ќе започне два часа порано – во 18:45 часот.

Промена има и за гостувањето во Полска кај Висла Плоцк. Дуелот од четвртото коло, кој првично беше закажан за 15 октомври, ќе се одигра еден ден порано, на 14 октомври, со почеток во 18:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонските кадети ѝ пресудија на Турција за втор триумф на ЕП

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на Европското …