Дома Фудбал Рајс: Ова е најдобрата Англија во последно време

Рајс: Ова е најдобрата Англија во последно време

Фудбалската репрезентација на Англија освои бронзен медал на Светското првенство 2026, откако во натпреварот за третото место ја победи Франција со резултат 6:4, а впечатоците по натпреварот ги сподели капитенот на таа средба Деклан Рајс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова е најдобриот пласман на Англија на Мундијалите од освојувањето на титулата светски шампион во 1966 година.

По натпреварот, играчот од средниот ред Деклан Рајс нагласи дека верува како оваа генерација е многу блиску до освојувањето на голем трофеј, и покрај критиките кои следеа по поразот од Аргентина во полуфиналето.

„Ова е најдобрата група на играчи што Англија ја имала во последно време. Тоа е факт и никој не може да ни го одземе. Како тим можеме да бидеме горди, иако сè уште нè боли поразот во полуфиналето. Доста ни е од приказни за гордост поради полуфиналиња и четвртфиналиња. Со Англија сакаме да освојуваме трофеи. Сепак, третото место на овој турнир претставува голем успех”, рече Рајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сеирџиите ги дочекаа своите „пет минути“: Направија пародија од легендарната фотографија на Меси и Јамал (Видео)

Не помина долго време по финалниот натпревар на Светскиот куп, а интернетот веќе беше преп…