Дома Фудбал Фудбалер на Вардар ќе игра на позајмица во Арсими

Фудбалер на Вардар ќе игра на позајмица во Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го обезбеди потписот на Ибрахим Оласебикан, кој во наредната сезона ќе настапува како позајмен играч од актуелниот македонски шампион Вардар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од таборот на Вардар официјално потврдија дека младиот фудбалер ќе ја мине следната година во дресот на Арсими, каде што ќе има можност за поголема минутажа и развој.

Интерес за ангажман на Оласебикан претходно покажуваше и Скопје, но раководството на Вардар на крајот одлучи тој кариерата привремено да ја продолжи во Арсими.

Вардар во изминатите денови испрати уште неколку фудбалери на позајмица. Мануел Куестас кариерата ќе ја продолжи во црногорскиот клуб Језеро, додека голманот Или Зибери во новата сезона ќе го брани голот на Тетекс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти изненади по дебаклот: Заслуживме да победиме!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил Карло Анчелоти изјави дека неговиот тим…