Дома Фудбал Иста титула, многу поскапа сметка: Колку го чини Наполи ерата на Конте?

Иста титула, многу поскапа сметка: Колку го чини Наполи ерата на Конте?

Иста титула, многу поскапа сметка: Колку го чини Наполи ерата на Конте?

Едно скудето со Лучано Спалети, едно со Антонио Конте, но сосема различна цена за успехот. Споредбата на „Газета дело спорт“ за по две сезони на двајцата тренери покажува колку пораснала финансиската обврска на Наполи во ерата на Конте.

Највпечатлива е пресметката по освоен бод во Серија А: 2,3 милиони евра со Спалети наспроти 3,5 милиони со Конте. И двајцата го однесоа клубот до шампионската титула, но со значително различни трошоци.

За трансфери во двете сезони на Конте биле издвоени вкупно 367 милиони евра — 152 милиони во 2024/25 и уште 215 милиони во 2025/26. Од продажба на фудбалери клубот инкасирал 223 милиони, па разликата меѓу потрошеното и заработеното изнесува 144 милиони евра.

Во двегодишниот период со Спалети, пак, Наполи вложил 109 милиони евра во засилувања, а од заминувања заработил 91 милион. Токму тој тим ја донесе првата шампионска титула по ерата на Диего Армандо Марадона.

Разликата не завршува со трансферите. Во сезоната 2024/25, трошоците за плати кај Конте достигнале 142 милиони евра, а амортизацијата на трансферите изнесувала 111 милиони. Следната сезона тие ставки пораснале на 172, односно на 128 милиони евра.

Така, вкупната годишна сметка за плати и амортизација се зголемила од 253 на 300 милиони евра. Овие расходи опфатиле 87 отсто од приходите во првата и 78 отсто во втората сезона на Конте. Кај Спалети, нивниот годишен збир не ја надминувал границата од 200 милиони евра.

Важен дел од финансирањето на новите засилувања биле продажбите на две главни фигури од шампионскиот состав на Спалети. Хвича Кварацхелија заминал за 80 милиони евра, а Виктор Осимен за 75 милиони.

И двата трансфера биле реализирани додека Конте бил на клупата. Кварацхелија работел со него само шест месеци, додека Осимен воопшто не настапил под негово водство, но приходите од нивните заминувања имале клучна улога во покривањето на трансферните вложувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двојната круна му донесе ново признание: Киву е најдобар тренер во Серија А

Кристијан Киву ја доби „Златната клупа“ за сезоната 2025/26, а Масимилијано Алвини беше на…