
Независно кој е на кормилото – Карло Анчелоти, Чаби Алонсо или Алваро Арбелоа, една работа останува константна во Реал Мадрид: Килијан Мбапе постигнува голови. Двапати го направи тоа против Монако во првото полувреме од седмото коло на групната фаза на Лигата на шампиони, со што стигна до 18 погодоци во ова натпреварување за клубот од Мадрид.
Во период од година и половина, Килијан Мбапе ги надмина Герет Бејл и Луис Фиго по бројот на голови во Лигата на шампиони за Реал Мадрид. Овие две клупски легенди постигнале по 16 гола, додека Французинот има постигнато 18, според “Squawka”.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Пред натпреварот со Монако, клубот каде што дебитираше во Лигата на шампиони, Мбапе беше изедначен со Фиго и Бејл по бројот на голови за Реал Мадрид. Со голот во петтата минута против ‘Кнезовите’, Килијан ги надмина обајцата.
Потоа се оддалечи уште повеќе, бидејќи во 21-ата минута постигна нов гол против францускиот претставник. Тоа беше неговиот 18-ти гол за Реал во Лигата на шампиони, и 11-ти во тековната сезона. Минатата сезона, прва на “Сантијаго Бернабеу”, Мбапе постигна седум голови во Лигата на шампиони.
Килијан Мбапе оствари уште еден важен рекорд и стана четвртиот играч на Реал Мадрид кој постигнал најмалку десет голови во една сезона на Лигата на шампиони, откако натпреварувањето го промени форматот од Купот на шампиони во сегашниот.
Пред Мбапе, Кристијано Роналдо (во седум сезони), Карим Бензема и Раул успеале да постигнат повеќе од 10 голови во една сезона на Лигата на шампиони.