Дома Фудбал Популарниот „Боксинг деј“ каков што не сме навикнати: Само еден натпревар во Премиер лигата – еве зошто е тоа така

Популарниот „Боксинг деј“ каков што не сме навикнати: Само еден натпревар во Премиер лигата – еве зошто е тоа така

Оваа година, 26 декември ќе биде првиот после повеќе децении кога во елитниот ранг на англискиот фудбал на познатиот Боксинг деј ќе се одигра само еден натпревар. Датумот кој е длабоко вкоренет во британската божиќна традиција, познат по семејните собири, празничната атмосфера, купувањето и, секако, фудбалот, оваа зима го губи својот препознатлив облик.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Навивачите со години се навикнати на Боксинг деј да гледаат од пет до осум натпревари, а се памети и 2014 година, кога 26 декември падна во петок и кога сите десет натпревари од едно коло на Премиер лигата беа одиграни истиот ден. Тогаш Англиската фудбалска асоцијација внимаваше да се сретнат клубови од ист град или регион, за да им се олесни патувањето на навивачите, што резултираше со речиси совршено исполнети стадиони.

Овојпат, ситуацијата е значително поинаква. Причината за укинувањето на класичниот Боксинг деј лежи во проширувањето на УЕФА натпреварувањата, што директно го поремети и домашниот календар, пред сè ФА купот. Поради недостаток на слободни термини за време на работните денови, националниот куп зазеде повеќе викенди, така што на Премиер лигата и останаа само 33 слободни викенди во сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ѝ го „скрши филмот“ на Барселона, Флик ќе се „теши“ со засилување од Њукасл

И покрај тоа што летниот преоден рок сè уште не е официјално отворен, раководството на Бар…