Дома Останати Кошарка Партизан реагира по хаосот во Арената – шест лица добија големи казни по тепачката (Видео)

Партизан реагира по хаосот во Арената – шест лица добија големи казни по тепачката (Видео)

Кошаркарскиот клуб Партизан излезе со соопштение по тепачката која се случи на делот од трибините со најжешките навивачи во петокот за време на натпреварот против Париз. Во објавата на клубот се наведува дека учесниците се фатени и дека ќе им биде забрането да присуствуваат на натпревари во иднина.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


– КК Партизан во соработка со надлежните органи го утврди идентитетот на шесте лица кои учествуваа во физичкиот инцидент на натпреварот кој црно-белите го одиграа против Париз.

Ниту едно од лицата не е носител на сезонска карта, но редарската служба ќе им го забрани влезот во салата. Исто така, согласно законот поднесени се и пријави против идентификуваните лица – стои во објавата на КК Партизан.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Земјотрес во НБА: Најавена „чистка“ во Денвер – ќе остане само Јокиќ?!

Раната елиминација на Денвер Нагетс од плејофот на НБА лигата, и тоа од десеткуваната Мине…