
Личност која беше еден од столбовите во поновата историја на Барселона – Матеу Алемани, од денес ја презема улогата на спортски директор на Атлетико Мадрид.
За многумина, делата на Алемани останаа во сенка, но тој беше мозокот на револуцијата што ја започна Жоан Лапорта со враќањето во клубот во 2021 година.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Алемани наследи празен буџет, стотици милиони долгови и ограничувања при трансферите, но и покрај тоа, во следните две и пол години успеа да оствари неверојатни постигнувања.
Не смееме да го заборавиме првиот трансфер период, кога Алемани ги доведе Пјер-Емерик Обамејанг, Адама Траоре и Феран Торес. Потоа, во летото 2022, ги имплементираше финансиските операции што овозможија историски трансфер период за Барселона. Тоа лето, Алемани ги доведе Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Андреас Кристенсен и Франк Кеси, играчи кои значително придонесоа за убедливата титула таа сезона.
Сепак, наесен, во 2023 година, дојде до несогласувања со менаџментот и Алемани реши да замине. На негово место беше назначен Деко.
Неговите поранешни соработници сега ќе бидат конкуренти, бидејќи Алемани од денес ќе биде одговорен за трансферите на Атлетико Мадрид.
Алемани доаѓа на позицијата што ја испразни Андреа Берта, кој летово премина во Арсенал, и е еден од најценетите директори во современиот фудбал.