Дома Фудбал Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Слот откри како го победил Атлетико: Мораш да го направиш тоа!

Ливерпул повторно мораше да постигне гол во последните минути за победа, а Арне Слот го коментираше и дебито на Александер Исак.

„Црвените“ на нивната прва средба во Лигата на шампионите го совладаа Атлетико Мадрид со 3:2, а тренерот од „Енфилд“, Арне Слот беше насмеан. Сепак, нагласи дека можело да биде и полесно:

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ако сакате да победите екипа како Атлетико, кои се познати по нивниот неверојатен менталитет, мора да ги победите и со нивното оружје – а тоа е токму менталитетот“, рече Слот и продолжи:

„Мислам дека денеска повторно покажавме дека можеме да ги надминеме ментално. Но, верувам дека можевме да си ја олесниме задачата.“

На овој натпревар дебитираше за клубот и Александер Исак:

„Многу сум задоволен што можеше да започне денес. Затоа и не го користевме против Барнли. Беше одличен, а кога влезе Уго (Екити), исто така беше голем фактор“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест: Почина еден од најдобрите француски тренери

Исклучителната фигура на францускиот фудбал, Жан-Луи Гасе, почина денес на 72-годишна возр…