Дома Фудбал Дембеле пропушти животна шанса, друг фудбалер е фаворит за „Златната топка“

Дембеле пропушти животна шанса, друг фудбалер е фаворит за „Златната топка“

Осман Дембеле важеше за главен фаворит за освојување на Златната топка, но по поразот на ПСЖ во финалето на светското клупско првенство од Челзи и слабата изведба на офанзивецот во Лигата на нации, многумина сметаат дека Ламин Јамал ќе биде тој кој ќе го освои трофејот.

„Франс Фудбал“ на 22 септември во Париз ќе го додели признанието Златна топка за најдобриот фудбалер во светот и она што е сигурно е дека трофејот нема да го брани играчот на средина од Манчестер сити, Родри.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како огромен фаворит во претходниот период се спомнуваше напаѓачот на ПСЖ. Обложувалниците ја сметаа ѕвездата на францускиот првак за скоро сигурен добитник, но 28-годишникот преку ноќ ги загуби шансите.

Причината е слабата изведба со Франција во Лигата на нации и тешкиот пораз на ПСЖ од Челзи (3:0) во финалето на Светското клупско првенство.

Од Барселона веднаш започна голема офанзива. Каталонците го промовираат Ламин Јамал кон врвот и веруваат дека трофеите што 18-годишникот ги освоил со Барса, освен Лигата на шампионите, сепак се многу посилни од ПСЖ и Дембеле.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул покажа конкретен интерес за уште еден напаѓач од Премиер лигата

Претставници на Ливерпул се сретнале со напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, и не…