Дома Фудбал Санчез блескаше на голот на Челси – со фантастични одбрани го фрли ПСЖ во очај (Видео)

Санчез блескаше на голот на Челси – со фантастични одбрани го фрли ПСЖ во очај (Видео)

Челси го освои Светското клупско првенство. Во финалето го победи ПСЖ со 3:0 и го освои вториот трофеј годинава, откако во мај ја освои Конференциската лига. Двапати стрелец беше Коул Палмер во 22. и 30. минута, а Жоао Педро постигна гол во 43. минута.

Со освојувањето на ФИФА клупското Светско првенство 2025 година, Челси оствари значителен финансиски профит. Клубот, низ сите фази на натпреварувањето, вклучувајќи и наградата за победникот на финалето, заработи вкупно меѓу 89,5 и 112,5 милиони евра. Роберт Санчез ја доби Златната ракавица, а Коул Палмер ја доби Златната топка.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Санчез (27), Шпанец на голот на Челси, беше еден од хероите во финалето. ПСЖ не беше без шанса, упатија дури шест удари во рамката, но Санчез ги запре сите, а некои од одбраните беа вистински спектакуларни.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Контроверзниот сопственик на Наполи предлага револуција

Се редат реакции по катастрофата на фудбалската репрезентација на Италија во Босна и Херце…