Талентираниот чешки напаѓач, Патрик Шик во текот на летото договори трансфер во Јувентус, но на крајот следуваше целосен пресврт па тој заврши во редовите на Рома.
Младиот напаѓач од Сампдорија премина во Рома. Иако пристигна како големо засилување, тој сеуште не бил дел од тимот на натпреварите, а тренерот на Римјаните Еусебио Ди Франческо изјави дека Патрик Шик има мистериозна повреда и дека никој не знае што се случува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во интервјуто за чешките медиуми Шик зборуваше за кариерата и најави дека би сакал да настапува за Манчестер Јунајтед.
„Парите? Нив ги сфаќам како мотивација и се надевам дека за неколку години ќе се преселам во уште поголем клуб каде што логично и платата ќе биде поголема таа мотивација многу ми помага. Постојат клубови како Барселона, Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед во кој би сакал да настапувам доколку ја напуштам Рома“, изјави Шик.
Шик има огромен потенцијал, тоа го покажа минатата сезона во Сампдорија, а и беше искрен дека парите во денешниот фудбал се веројатно најголемата мотивација.