Дома Фудбал Останато Бобан Илиоски ја одбрани светската титула во кикбокс

Бобан Илиоски ја одбрани светската титула во кикбокс

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски повторно блесна на светската сцена, откако синоќа во Женева ја одбрани титулата светски шампион, совладувајќи го Французинот Кадри Мурсели.

Со доминантна и технички прецизна борба, Илиоски уште еднаш ја потврди својата супериорност во категоријата до 88,6 килограми (К1) под капата на ВАКО-Про.

Победата му ја донесе втората последователна светска титула, со што уште подлабоко се врежа во историјата на македонскиот кикбокс.

Фото: Urko Dejan Mitrovski

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лудо: Река во која живеат над 500 крокодили е одобрена за Олимписките игри во 2032

Олимписките игри во Париз 2024 година, меѓу другото, оставија впечаток поради скандалот со…