Дома Фудбал Бројките не лажат: Србин е најдобриот голман во Серија А!

Бројките не лажат: Србин е најдобриот голман во Серија А!

Чуварот на мрежата на Рома Миле Свилар е најдобар дел од тимот на Раниери – против Фиорентина оваа сезона остана непоразен по 15ти пат.

Со три клучни одбрани, Свилар беше човек на одлука, ѕид на голот и најважна алка во одбраната на „волчицата“ благодарение на него, и само на него, Рома задржа “минимална” предност и остана непоразена по 19ти последователен натпревар.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Свилар продолжува да ја води Рома кон Лига на шампионите, тимот на Раниери е на делба на четвртото место пред последните три кола од сезоната!

Голот за победа го постигна Артем Довбик, но славата му припаѓа на Свилар, тоа го констатираат речиси сите италијански медиуми. Доволно е да се каже дека “Олимпико” скандираше неговото име откако изведе една од неколкуте бравури на голот кои спречија радост за гостите од Фиренца.

Навивачите буквално му се поклонуваат.

Свилар во овој момент е најдобар голман во Серија А ако се гледа бројот на натпревари на кои ја сочувал мрежата. Само голманот на Наполи, Алекс Мерет, е исто толку успешен како Србин.

“Со нозе, тело, ракавици, резултатот секогаш беше ист – ги неутрализираше обидите на противникот и ја зачува мрежата по 15ти пат оваа сезона,” пишуваат италијанските медиуми за бравурите на српскиот голман.

Против Фиорентина, синот на прославениот српски чувар на мрежата Ратко Свилар имаше пет одбрани.

Збирно, оваа сезона беше стартер на 35 натпревари, прими 32 гола.

Да потсетиме, Свилар го држи рекордот како најмлад голман во историјата на Лигата на шампионите. Во ова натпреварување дебитираше на 18 октомври 2017 година со 18 години и 52 дена и на тој начин го собори рекордот што претходно му припаѓаше на Икер Касилјас.

Фото: AS Roma/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц донел одлука, веќе го информирал Чаби Алонсо

По пет години во Бајер Леверкузен Флориан Вирц веќе донел одлука да премине во Бајерн (Мин…