Дома Фудбал УEФA казни Реал Мадрид поради расизам, навивачите се соочуваат со забрана за гостување

УEФA казни Реал Мадрид поради расизам, навивачите се соочуваат со забрана за гостување

УEФA го казни Реал Мадрид со 15.000 евра поради расистичките извици на нивните навивачи за време на првата четвртфинална средба во Лигата на шампионите против Арсенал.

Инцидентот се случил на 8 април на стадионот Емирејтс, а Дисциплинската комисија на УEФA брзо реагирала и го казнила Реал.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Покрај паричната казна, Реал исто така добива и условна мерка – ако сличен инцидент се повтори во рок од една година, навивачите на мадридскиот клуб ќе имаат забранa да гостуваат на еден европски натпревар.

Со овој потег, УEФA уште еднаш испрати јасна порака дека расизмот нема место во фудбалот и најави дополнително заострување на казните за вакви прекршувања.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците ја објавија платата на Гатузо и најавија заминување од Хајдук Сплит

Фудбалерите на Хајдук од Сплит загубија во дербито од загребски Динамо со 3:1 во 33-то кол…