Aко претходно можеше да се каже дека со право Сампаоли не го повикува Гонзало Игуаин, сега Аргентинецот влезе во навистина добра форма.
Аргентина во ноември ќе одигра две пријателски средби, ривали ќе и бидат Русија и Нигерија, а селекторот Хорхе Сампаоли на собирот повика 26 фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гонзало Игуаин иако постигна три погодоци на последните два натпревари за Јувентус, два гола против Милан во дербито од Серија А и еден во натпреварот против Спортинг во Лигата на шампионите, не доби повик од Самаполи.
Покрај Игуаин од звучните имиња ги нема Биља, Гарај, Пасторе, Забалета, Гаитан…