
Фенербахче и Кајзериспор одиграа спектакуларен натпревар од 32. коло на турската Суперлига, кој заврши со резултат 3:3. Домаќинот беше голем фаворит, но Кајзериспор, кој го предводи Сергеј Јакировиќ, покажа извонредна борбеност и во судиското надополнување освои значаен бод во борбата за опстанок во лигата.
Фенербахче загуби два вредни бода во трката по водечкиот Галатасарај и сега заостанува пет бода зад нив. Жозе Мурињо не беше задоволен со расплетот на теренот, а беше и прилично нервозен кога одговараше на новинарските прашања. Особено збесна кога го прашаа за противничкиот тим, кој му недостигаа многу првотимци.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
“Пак ме прашавте за тоа што на противникот му недостасуваше неколку играчи, зошто ме прашувате тоа? Дали овие останатите можеби се клинци помлади од 10 години? Па сите се професионални играчи! Кој е вашиот мотив?
Имавте три прашања, а двапати ме прашавте за играчите кои недостасуваат. Тие што играа на нивно место беа мотивирани. Ако сакате да зборуваме за натпреварот, ајде да зборуваме за натпреварот!”, се налути Мурињо.
Галатасарај е прв на табелата со 77 бодови по 30 одиграни кола. Фенербахче е втор со 72 бода шест кола пред крајот. Кајзериспор е на 13. место со 37 бодови, шест повеќе од зоната за испаѓање.