Дома Фудбал Eден од најбараните фудбалери во Европа пред трансфер во Серија А!

Eден од најбараните фудбалери во Европа пред трансфер во Серија А!

Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, наводно е најблиску до преселба во Италија.

Како што откри Скај спорт, во моментот Дејвид преговара само со Интер и Јувентус, кои покажаа најголем интерес за неговиот потпис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Канаѓанецот своевремено откри дека неговиот сон е да игра за Барселона, но Каталонците сепак се откажаа од него.

Дејвид има договор со Лил до 30 јуни и повеќепати повтори дека нема да потпише нов договор, бидејќи верува дека сега е вистинскиот момент за напредок во кариерата.

Интер моментално има предност во трката за неговиот потпис, иако на „Меаца“ конкуренцијата е далеку посилна, бидејќи таму се Лаутаро Мартинез, Маркус Тирам, Мехди Тареми и Марко Арнаутовиќ, кому секако исто така му истекува договорот на 30 јуни…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед сè уште е отворен за продажба на 29-годишната ѕвезда ова лето

Односот на Манчестер Јунајтед со Андре Онана повторно е на тапет и според извештајот од Te…