Дома Фудбал Аргентина без Меси го декласира Бразил во квалификациите за СП. Погледнете ги головите

Аргентина без Меси го декласира Бразил во квалификациите за СП. Погледнете ги головите

Пред Суперкласико, како што Јужноамериканците го нарекуваат дербито помеѓу Аргентина и Бразил, кое се одигра во Буенос Аирес во 14. коло од квалификациите за СП, Аргентина го обезбеди својот пат на Светското првенство следната година, и тоа дури пет кола пред крајот на квалификациите.

На тоа, покрај сјајните резултати, придонесе и вчерашното реми помеѓу Боливија и Уругвај, кое се одигра пред големото дерби на стадионот на Ривер, Монументал.

Аргентина без Меси ги порази бразилските ѕвезди

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Таму, пак, Аргентина го победи Бразил со 4:1 иако играше без Лионел Меси (и без Анхел Ди Марија, Лаутаро Мартинез, Пауло Дибала). Тој натпревар не им значеше многу резултатски, додека за Бразил беше важен. Стрелци за домаќините беа Хулиан Алварез во 4., Енцо Фернандез во 12., Алексис Мекалистер во 37. и Џулиано Симеоне во 71. минута. Единствениот гол за Бразил го постигна Матеус Куња во 26. минута.

Првиот гол на Алварез можете да го видите ТУКА. Вториот на Фернандез, можете да го видите ТУКА.

Погодокот на Алексис Мекалистер можете да го видите ТУКА. Погодокот на Симеоне можете да го видите ТУКА.

Аргентина веќе е на СП. Бразил исто така најверојатно директно ќе се квалифицира, но во 14 натпревари има дури пет порази и само половина од можните 42 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…