Стоперот на Реал Мадрид Антонио Ридигер се опорави од повредата на задната ложа и се врати на тренинзите пред реваншот со Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Германецот повредата на задната ложа ја доби против Еспањол пред две недели, кога му беше прогнозирана пауза од дваесетина дена, но веќе сега е подготвен да се врати во натпреварувачкиот ритам.
За сега не е познато дали Карло Анчелоти ќе ризикува со него од самиот почеток, бидејќи треба да се земе предвид дека Реал има предност од еден гол на „Етихад“ и Сити мора да победи со два гола разлика доколку сака да влезе во осминафиналето.
Надвор од стројот останува Лукас Васкез, кој не се опорави, а извесно е дека нема да биде спремен ни Давид Алаба кој и така ја мина повеќе од една година надвор од теренот.
Натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Сити е закажан за среда во 21.00 часот.