Рик Карсдорп вчера заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото и ќе отсуствува до крајот на сезоната, но она што се случува во Рома никако не може да биде случајност.
Од 2014 година дури 12 фудбалери на Рома доживеаа повреди на вкрстените лигаменти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Случајност или не?
Рик Карсдорп е последен во низата кој се повреди на овој начин, неговото колено настрада во натпреварот против Кротоне и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната.
Кевин Стротман пропушти скоро две се сезони, Алесандро Флоренци само што се врати од повредата, Лука Пелегрини исто така имаше ист проблем како и Марио Руи…
Неколку фудбалери од резервниот тим на Рома имаа ист проблем, а замислете половина од нив се фудбалери кои играат како бекови.