НОВАК ЃОКОВИЌ се пласираше во третото коло на Австралија опен и со тоа постигна уште една јубилеј кој влезе во тениските рекорди.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој стана првиот тенисер во историјата кој постигнал 150 победи во сингл на Грен слем турнирите по неговиот 30-ти роденден. Пред него тоа го имаше направено само Серена Вилијамс.
Ѓоковиќ (37) во 2. коло се сретна со Португалецот Фариа, кој дури успеа да му одземе сет. Ѓоковиќ на крајот победи со 6:1, 6:7(4), 6:3, 6:2.
На турнирот што го освои 10 пати, Ѓоковиќ годинава е седми носител. За пласман во 4. коло ќе игра со Чехот Томаш Махач.