Дома Останати Тенис Изненадување на Австралија Опен, финалистот во 2023 година елиминиран во првото коло

Изненадување на Австралија Опен, финалистот во 2023 година елиминиран во првото коло

Американскиот 20-годишен тенисер Алекс Михелсен, рангиран на 41-то место на АТП-листата во сингл, го направи првото големо изненадување на Австралија опен со победата над 11-от носител, Гркот Стефанос Циципас, 7:5, 6:3, 2:6, 6. :4 во дуел од првото коло, кое се одигра на Мелбурн Парк.

Тоа беше нивни втор дуел и втора победа за младиот Американец, кој лани во септември на турнирот во Токио беше подобар од 26-годишниот Грк. Михелсен дебитираше на Австралија опен минатата година и стигна до 3. коло, што е негов најдобар резултат на Грен слем турнир.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Циципас пред две години беше финалист во Мелбурн, уживајќи во громогласната поддршка на многубројните грчки иселеници и стигна до полуфиналето во 2021 и 2022 година.

Ова е втор последователен пораз за Циципас во првото коло на Грен слем турнир, бидејќи го загуби и првиот меч на минатогодишниот УС Опен, кога беше поразен од Австралиецот со грчко потекло Танаси Кокинакис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос го напушти Австралија опен и можеби никогаш нема да се врати?!

Кога Ник Кирјос и Новак Ѓоковиќ неодамна уживаа во игра на двојки на АТП турнирот во Бризб…