Тешка недела за Икер Касиљас. Откако е изоставен од првиот тим во рамки на дуелот против Лајпциг во ЛШ, португалските медиуми велат дека легендарниот голман е на немилост од страна на тренерот, Сержо Консеисо и тоа од две причини: за користење на мобилен телефон и непристојно однесување.
„Мобилен телефон е забранет во тренинг кампот на Порто“, истакна португалски весник и додава дека „постои иклучок кога фудбалерите смеат да користат“. Меѓутоа, Икер на тоа е обрнал внимание, го користел својот апарат, па поради тоа е прекорен од страна на тренерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тренерот сака играчите да бидат лично потесно поврзани и не сака да слушне за социјални мрежи. Познато е дека Касиљас е зависен од мобилниот телефон, а не помогна ниту предупредувањето кое го доби од тренерот на голманот“, објави О’Зого.
Втората причина да тргнувањето на Касиљас од голот, е неговото безволно учество на тренингот.
„Икер е обвинет дека не нуди 100% можност во однос на остатокот од екиптата, а тоа е нешто што исклучително не му се допаѓа на тренерот кој бара максимум од секој индивидуалец. Затоа Касиљас ќе биде на трибините и на мечот против Пасош Ферера овој викенд“, истакна познатиот португалски весник.