Дома Македонски спорт Мак фудбал Османи: Струга може да го победи Пјуник

Османи: Струга може да го победи Пјуник

Македонскиот шампион Струга Трим Лум утре ќе го одигра првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига против тимот на Пјуник.

Доколку бидат подобри во двомечот против Пјуник, во третото квалификациско коло ќе играат со подобриот од Диферданж (Луксембург) – Ордабаси (Казахстан).


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Тренерот Ќатип Османи верува дека неговиот тим има квалитет да го побди Пјуник.

„Тие се многу дисциплинирана екипа, многу борбена. Двата последни натпревари што ги одигра против Динамо Минск, се обидуваат да играат цврсто во одбрана, заканувајќи се со брзи контранапади. Станува збор за многу квалитетен тим, но сепак мислам дека имаме квалитет да го елиминираме Пјуник“, изјави Османи.

„Тимот е комплетен, под прашање е само еден играч, кој поради физичка подготовка не е сигурно дали ќе може да игра од почетокот, но сепак како тим сметам дека сме подготвени за утрешниот натпревар“, додаде Османи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи до 15 години подобри од Ерменија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ермени…