Јувентус денес и официјално потврди дека Адриен рабио го напушта клубот како слободен агент.
Францускиот репрезентативец не одговори на понудата на Јувентус за продолжување на договорот и заминува како слободен агент.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рабио пристигна во торинскиот гигант во 2019 година како слободен агент од Пари Сен Жермен. Оттогаш тој одигра 212 натпревари за Јуве, постигнувајќи 22 гола и 15 асистенции и стана третиот француски фудбалер со најмногу настапи за „старата дама“.
Реал Мадрид, Ливерпул и Милан покажуваат најсериозен интерес за Рабио и ќе се борат за неговиот потпис во наредните денови.