Од 19:30 часот во Загреб денеска ракометната репрезентација на Македонија ќе ги дознае противниците во групата за Светското првенство во 2025 година.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Домаќини на Мундијалот од 14-ти јануари до 2-ри февруари ќе бидат Хрватска, Данска и Норвешка.
Македонија по седми пат во низа и вкупно деветти во својата историја ќе биде дел од собирот на најдобрите светски селекции.
На Светското првенство Македонија се пласираше преку баражот со Фарски Острови. Противниците нашите ракометари ги чекаат од третиот шешир каде што се уште: Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир.
Исто така по ждребот ќе биде познато и во кој град ќе ги играме натпреварите.