Дома Фудбал Англија Видиќ ги избра најдобрите тројца дефанзивци во Премиер лигата, двајца се од Премиер лигата

Видиќ ги избра најдобрите тројца дефанзивци во Премиер лигата, двајца се од Премиер лигата

Славниот Немања Видиќ одбележа една голема ера во Манчестер Јунајтед кога во прашање е дефанзивата, а дресот на овој клуб го носеше од 2006 до 2014 година и зад себе остави многу успеси и длабока трага.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Манчестер Јунајтед во неговата ера беше сосема спротивно од она што клубот е денеска. Посебно цврста беше одбраната на тимот во која покрај Видиќ, тука беше и Рио Фердинанд.

Видиќ и денес ги следи случувањата во англискиот фудбал, па така сега избра тројца според него најдобри дефанзивци.

„Најдобри дефанзивци? Ќе зборувам за помладите. Микел ван де Вен. Навистина е брз, силен и добар во скок играта. Потоа двоецот на Арсенал Салиба – Габриел, навистина одлично им оди. Гледајќи ги чувствувам дека се максимално мотивирани во секој натпревар да имаат чиста мрежа. Ми се допаѓа менталитетот кој го покажуваат“, изјави Видиќ за „Тајмс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најнови информации за состојбата на Кристијан Ериксен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе биде пуштен од болница денеска откако колабираше на…