Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.
Видиќ минатата недела кажа дека Пикси и неговиот стручен штаб заработиле 16 милиони евра, а тоа го изнервира селекторот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не може да ме повреди некој што не работи ништо. Лошо е тоа што го кажа, изненаден сум од навредите и од неговата непочит кон мене.
Ако веќе споменува бројки, некои 16 милиони евра, прво треба да се информира. Тие бројки не се точни, но и да се, да сум заработил 16 милиони, во што е проблемот? Тоа не се пари на државата, туку на фудбалскиот сојуз“, кажа Пикси.