Дома Фудбал Англија Клоп: Го разбирам Чаби Алонсо зошто не доаѓа во Ливерпул

Клоп: Го разбирам Чаби Алонсо зошто не доаѓа во Ливерпул

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо на пресконференциија откри дека и наредната сезона ќе го води тимот на Баер Леверкузен.

Чаби Алонсо е голема желба на Баерн Минхен и Ливерпул, но тој ги одби понудите на двата гиганти и одлучи да остане во Леверкузен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ова денес го прокентира Јирген Клоп, бидејќи медиумите тврдеа дека Алонсо најверојатно ќе биде негов наследник на „Енфилд“.

„Можам да кажам многу убави работи за еден млад менаџер кој работи добро и има успех со тимот. Го направив речиси истото, останав толку долго, и никогаш не зажалив за тоа. Чаби прави неверојатна работа. Леверкузен има одличен тим и тие веројатно ќе се обидат да го задржат тимот. Не знам колку пати сте го гледале Леверкузен, но тие се навистина импресивни. Тој не само што изгради тим во текот на минатата година. Тој изгради менталитет“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…