Дома Македонски спорт Мак фудбал Поранешниот репрезентативец на Македонија стана директор на селекцијата до 21 година

Поранешниот репрезентативец на Македонија стана директор на селекцијата до 21 година

Драган Силјаноски, поранешниот македонски репрезентативец официјално е назначен за директор на репрезентацијата на Македонија до 21 година. 

Во својата долгогодишна кариера настапуваше за повеќе македонски фудбалски клубови (Напредок, Победа, Слога Југомагнат и Шкендија), а како интернационалец кариерата ја мина во белгиски Антверпен, каде што остана да работи и по завршувањето на играчката кариера. По долгогодишната фудбалска работа во Белгија, Силјаноски сега ќе биде директор на младата селекција која веќе на 21. март ја очекува нов квалификациски меч во циклусот за ЕП против селекцијата на Гибралтар.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Навистина сум возбуден и почестен што се приклучувам на Фудбалската федерација на Македонија како нов спортски директор на репрезентацијата до 21 година. 

Оваа селекција, според мене, ја има клучната улога во обликувањето на иднината на нашиот репрезентативен фудбал. Тоа го потврдува блиското минато и се разбира сегашноста, ако го гледаме составот на најдобрата македонска репрезентација.

И како фудбалер, но и како човек од фудбалот, секогаш сум бил посветен на зајакнување на односите меѓу сите во тимот, се со цел да се искористи потенцијалот за да се направи добар резултат. Се надевам дека со моето искуство ќе донесам некоја нова динамична енергија и во репрезентацијата до 21 година. 

Тесно ќе соработуваме со нашиот тренерски потенцијал, административниот тим и клучните луѓе во федерацијата за да се осигура дека фудбалерите ќе ја добијат поддршката и се што им е потребно за да напредуваат на теренот и надвор од него“, изјави Силјановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Горан Пандев денеска ќе одигра натпревар со некои од најголемите светски легенди

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев денеска ќе истрча на терен заедно со некои …