Македонија на денешен ден пред десет години остана без едно од своите најголеми фудбалски имиња, Петар Милошвски. Милопвски го загуби животот во сообраќајна несреќа во близина на Куманово.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милошевски, во текот на својата кариера го чуваше голот на Пелистер и Вардар, а исто така ја надвор од границите на Македонија беше дел од Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Енозис. Дресот на репрезентацијата на Македонија го носеше на 59 натпревари.
По завршувањето на кариерата како голман продолжи да допринесува во македонскиот фудбал како спортски директор на репрезентацијата. Неговото влијание и заложба се чувствуваа во многу аспекти на фудбалот во Македонија, а пораките на сочувство од целиот свет сведочат за тоа колку голема празнина остави во македонскиот фудбал.
Во негова чест, тренинг-центарот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го носи неговото име, а од неодамна и стадионот во Битола, каде што Милошевски ги направи своите први фудбалски чекори.