Дома Фудбал Англија Арсенал за првпат во својата историја како домаќин ќе игра со бели дресови, позната и причината

Арсенал за првпат во својата историја како домаќин ќе игра со бели дресови, позната и причината

Aрсенал како прв противник на патот до трофејот во ФА Купот го доби лидерот на Премиер лигата, Ливерпул.

Избраниците на Микел Артета и Јирген Клоп силите ќе ги одмерат на Емирати, а во овој натпревар, Арсенал за првпат во својата историја на домашен терен ќе игра во бел дрес.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Ливерпул така ќе заигра во својата препознатлива комбинација за домашни натпревари, иако ќе играат како гости. Причината за ваквиот потег на Арсенал е кампањата за намалување на злосторствата со ладно оружје за која „Адидас“ им креираше специјални дресови.

Овие дресови Арсенал ги носеше против Нотингем и Оксфорд претходно, но во двата случаи играше како гости. На табелата во Премиер лигата, Арсенал во овој момент е четврти со пет бода заостанување зад водечкиот Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Игор Ангеловски поднесе оставка – повеќе не е тренер на Етникос Ахна

Македонскиот тренер Игор Ангеловски остана без ангажман, откако реши да поднесе оставка од…