Најдобрите македонски ракометари се во Стара Пазова каде се подготвуваат за настапот на Европското првенство 2024 во Германија.
Селекторот Кирил Лазаров е задоволен како течат подготовките и откри дека Никола Митревски е последниот кој му се приклучува на тимот и репрезентацијата ќе биде комплетна.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
„Работиме веќе четири дена во Стара Пазова, задоволен сум од тоа што го гледам бидејќи работиме на напад, на одбрана, на полуконтра, на враќањето назад и на физичката кондиција. Максимално го искористивме времето за да одработиме на физички план, бидејќи тука имаме играчи од различни клубови и целта е сите да бидат на исто ниво до почетокот на турнирот“.
„Можам да бидам задоволен од атмосферата во тимот, условите се извонредни, имаме и тим-билдинг и се оди како што треба. Кога имате одлични услови за работа, атмосферата во тимот е на задоволително ниво. Митревски ни се приклучува вечерва во Стара Пазова од Порто, му дадов два-три дена одмор и веќе утре ќе почне со тренажен процес. Од утре сме комлетни и се подготвуваме за предизвикот наречен ЕП“, изјави Лазаров.
Фото: РФМ