Дома Фудбал Италија Автобусот на Наполи го заборави тренерот, Мацари од Рим се вратил со такси

Автобусот на Наполи го заборави тренерот, Мацари од Рим се вратил со такси

Тренерот на Наполи, Валтер Мацари, го испуштил клупскиот автобус и бил принуден да се врати во Неапол со такси по поразот на „Олимпико“ од Рома синоќа со 2-0.

Разочарани од играта и резултатот, никој во експедицијата на Наполи не забележал дека во клупскиот автобус го нема тренерот Валтер Мацари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тренерот немал друг избор освен да се врати дома – со такси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека искусниот стручњак останал уште малку на стадионот во разговор со новинарите, на кои им ги објаснил причините за поразот од „волчицата“.

 За тоа време клупскиот автобус заминал без него, па Мацари бил принуден да нарача такси и од Рим да замине за Неапол кој е оддалечен 230 километри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Извлечен ждребот за заврршниот Мастер: Ѓоковиќ и Алкараз во иста група!

Карлос Алкараз ќе се соочи со голем предизвик на АТП Финалето 2025 година во Торино, во св…