Дома Македонски спорт Град Скопје ги подели наградите за најуспешните во спортот за 2023 година

Град Скопје ги подели наградите за најуспешните во спортот за 2023 година

Упорноста и резултатите секогаш носат успеси, а во полето на спортот истото има значително значење. Денес, 22.12.2023 (петок), во Кино Фросина во МКЦ, се одржа свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојуз на Спортови на Скопје.

Најуспешните беа наградени согласно различните утврдени категории во склоп на донесената одлука од страна на Комисијата за избор на најуспешни спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје и доделување на награди и признанија за 2023 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Силвио Мировски (Кик бокс клуб Гладијатор – 2. м Европско првенство Кик бокс), 2. Витомир Трајковски (Карате клуб Макпетрол – 3 м. Балканијада 3 м. Европско првенство, 1 м. Универзијада), 3. Калин Ивановски (Тениски клуб Југ пласман во 1/4 на АТП челинџер 100 Иаси, Романија), 4. Стефан Стојановиќ (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада), 5. Бесир Алили (Боречки клуб Лирија – 5 м. Европско Првенство), 6. Ива Богдановска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада, 9м Европско Првенство), 7. Георгина Блажеска (Џудо клуб Миоки – 3 место Балканијада), 8. Јована Мицовска (Карате клуб Макпетрол – 3 место Балканијада), 9. Иван Галевски (Ракометен клуб Алкалоид), 10. Никола Ѓуретановиќ (Пливачки клуб Вардар 2018 – 6 место на Централно Европски Игри).

Во категоријата Најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), наградени се 1. Бобан Илиоски (Кик Бокс клуб Шампион – Светски Шампион во кик бокс – Лоу кик до 86 кг), 2. Мери Акиевска (Бодибилдинг/фитнес клуб Магнус – Светска Шампионка во Бодибилдинг – Велнес до 158 цм), 3. Игор Стефановски – Иџе (Авто Мото клуб АКК Стефановски – Европски Шампион во ридски патеки), 4. Дејан Георгиевски (Таеквондо клуб Бутел – Трето место, Европски Олимписки Игри Полска.  Во Опен Г-1 има освоено 2 златни, три сребрени и еден бронзен медал), 5. Ахмад Магомедов (Боречки клуб Студеничани – 3 место Европско првенство во Борење слободен стил категорија до 79кг), 6. Дарио Ивановски (Маратон клуб Корранерс – Нов рекорд во Маратон Валенсија 02.11.53, Балкански шампион во Полумаратон), 7. Лина Ѓорчевска (Тениски клуб ЈУГ – 1.место W40), 8. Андреас Трајковски (Атлетски клуб Работнички – Скок во далечина- нов рекорд  7.91 метар, 3 местна Балканско првенство во скок во далечина одржан во Краљево, Србија), 9.     Патар Заборски (Карате клуб Макпетрол – 3 место екипно Медитеранско првенство, 3 место Балканијада, 1 место Универзијада, 3 место светска лига), 10. Петар Спасеновски (Карате клуб Макпетрол – 3 место Универзијада, 1 место екипно, 5 место на Медитерански).

Во категоријата Најуспешна спортска екипа од Скопје наградата е доделена на 1. Специјална Олимпијада (за високи резултати освоени во Бадминтон, Пливање и Атлетика со повеќе спортисти, Јане Никодиновски, Стефан Трпковски, Марио Мицовски и Јулијана Петровска на Летни светски олимписки игри во Берлин 17-25.06.2023 година).  

Во категоријата Најуспешен тренер награден е 1. Дејан Митровски (Кикбокс клуб Шампион, Фитнес Клуб Магнус за двајца светски шампиони во два спорта).

Оваа година, во категоријата, Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје, поради немање високи резултати од странските играчи, кои Настапуваат за скопски клубови, не е доделена награда.

Од македонските спортисти, за Најуспешен спортист со награда се здоби 1. Андреј Стојаноски (Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода – 6 место на Светско првенство 50 м градно и 6 место на Светско првенство 400 м мешано во Буенос Аирес).

Покрај признанијата, на добитниците, спортистите и трененерот, им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 185.000 денари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…