Украинската тенисерка Марта Костјук (21) повторно направи скандал.
Костјук одби да игра финале на егзибициониот турнир во Франција кога виде против кого треба да се соочи. Нејзината противничка требаше да биде Русинката Мира Андреева. Организаторите на турнирот очекувано беа бесни затоа што Марта и претходно знаела дека може да дојде до ваква ситуација. На крајот против Андреева играл маж.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Поради работи кои немаат врска со нас и геополитичката ситуација во Украина, Марта нема да игра против Мира. Направивме се да ја активираме нашата мрежа на професионални тенисерки, но немавме време да најдеме замена. Поради тоа нашиот тенисер, Јанис Гажуани Дуран ќе игра во финалето“.
На крајот Јанис победил во мечот со 2:0 во сетови (7:5, 6:2). Инаку, ова не е прв скандал кој Марта го направи оваа сезона. Од почетокот на војната таа прави проблеми кога игра против руски и белоруски тенисерки.