Дома Фудбал Англија Им оди надвор од терените: Манчестер Јунајтед оствари рекордни приходи

Им оди надвор од терените: Манчестер Јунајтед оствари рекордни приходи

Манчестер Јунајтед не може да биде задоволен на резултатски план и оваа сезон, но затоа може да се пофали со рекордни приходи.

Клубот работи одлично кога се финансиите во прашање, па и покрај слабите резултати оствари рекордни приходи во износ од 648.4 милиони фунти во финансиската година која заврши на 30 јуни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вкупниот приход пораснал за 11% во однос на претходната година и го надмина претходниот рекорд на лигата кој Јунјатед го постави во 2019 година.

Сепак, како што пренесуваат англиските медиуми, клубот од „Олд Трафорд“ во истиот период е во загуба од 42.1 милиони фунти.

Фондот за плати во Јунјатед опаднал за 52.8 милиони фунти на вкупно 331.4 милиони фунти, што се должи на заминувањето на неколкумина скапи играчи, како и неиграњето во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…