Дома Фудбал Италија Нови детали: Српската мафија го барала Фаџоли во тренинг центарот на Јувентус

Нови детали: Српската мафија го барала Фаџоли во тренинг центарот на Јувентус

Италијанскиот новинар Фабрицио Корона објави нови информации за скандалот со обложување во Калчото.

Засега не е познато колку точно фудбалери се вмешани, но веќе се споменуваа репрезентативци и познати имиња. Николо Фаџоли од Јувентус беше првиот фудбалер за кој беше објавено дека е вмешан во скандал со обложување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фаџоли веќе излезе пред обвинителите, признавајќи дел од вината. Иако му се закануваше суспензија и до три години, последните информации се дека може да биде суспендиран од 1. Ноември до 1. јуни, но ништо не е потврдено.

Сега Корона пренесува дека луѓе од српската мафија се појавувале во тренинг центарот на Јувентус.

„Јувентус морал да знае, српската мафија, навистина лоши луѓе, дојдоа да го бараат Фаџоли во Континаса (тренинг центарот на „старата дама“) но не го најдоа“, пишува Корона.

За Фаџоли се пишуваше и дека во неколку месеци направил долг од еден милион евра. Покрај него под истрага се: Тонали, Заниоло, Бонучи, Звелевски…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…