Кристијан Грчевски ќе биде новиот селектор на македонската женска сениорска репрезентација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Женската репрезентација на Македонија беше без селектор од заминувањето на Љубомир Савевски, а сега е избран новиот предводник.
Помошници на Грчевски ќе му бидат Ања Алтхаус и Едуарда Амоурим Талевска.
Грчевски ќе ја предводи Македонија во квалификациските натпревари за Европското првенство 2024, а од тие натпревари ќе зависи и неговото продолжување на договорот.