Aктуелниот освојувач на Светската лига на Нации, репрезентацијата на Полска е противник на македонските одбојкари вечерва од 20:00 часот.
Македонија вчера одигра фантастичен натпревар во кој ја победивме Црна Гора со 3:0 и така речиси и да го обезбедивме осминафиналето. Во следните три натпревари нашите одбојкари ќе се обидат да се изборат за што е можно подобар пласман една од првите четири позиции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Подобриот пламан би ни донел веројатно полесен противник во осминафиналето, па затоа секако и овие натпревари се важни.
Полска е фаворит и за освојување на Европското првенство, има одбојакри како Вилфредо Леон и Бартош Курек, па затоа во овој меч нема што да се загуби.
Но против Полска имаме и една победа, тесна со 3:2, преостанатите ги загубивме со 3:0 и еднаш со 3:1.
Полјаците се големи фаворити, но дефинитивно нашите момци нема да излезат со бело знаме.