Дома Фудбал Англија ФА ја поништи суспензијата на Мекалистер🎥

ФА ја поништи суспензијата на Мекалистер🎥

Судиската комисија на ФА ја повлече суспензијата на Алексис Мекалистер за црвениот картон кој го доби на мечот со Борнмут.

Аргентинецот ненамерно стартуваше над противничкиот играч и главниот судија веднаш му покажа црвен картон, а луѓето од ВАР не го повикаа Томас Брамал да ја прегледа ситуацијата.

Ливерпул ја обжали одлуката, а ФА веднаш реагираше и ја повлече суспензијата, па Мекалистер ќе му биде на располагање на Клоп за следниот меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вулвс испушти победа во финишот, Пеишото предупреди: Вака не се оди кон промоција

Портсмут со волејот на Тери Девлин во 86. минута извлече 1-1 на „Молинеу“. Вулвс остана бе…