Дома Фудбал Останато Maкедонските фудбалери во БиХ ќе се сметаат за домашни

Maкедонските фудбалери во БиХ ќе се сметаат за домашни

Фудбалерите од земјите од поранешната Југославија повеќе нема да се сметаат за странци во Босна и Херцеговина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Оваа одлука ја донесе Извршниот комитет на федерацијата, па така македонските фудбалери кои играат во Босна и ќе играат во иднина нема да го зафаќаат местото за странци во клубот. Во овој момент поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Аврамовски е дел од Сараево.

Во првенството на БиХ дозволено е секој клуб да има најмногу тројца странци, досега беа пет, меѓутоа во тие три сега нема да се сметаат фудбалерите од овие простори.

Исто така во босанскиот фудбал воведено е правило младинец според кое мора да стартуваат двајца фудбалери до 21 година, а едниот од нив треба да одигра 90 минути. Целта секако е да се развиваат домашните фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан не сака да го пушти Модиќ: Аморим му го претстави планот за игра и списокот на играчи за новата сезона

Газдата на Милан Џери Кардинале сака Лука Модриќ и следната сезона да биде лице на неговио…