Дома Фудбал Италија Шок во Милан: Паоло Малдини и Фредерик Масара го напуштија клубот!

Шок во Милан: Паоло Малдини и Фредерик Масара го напуштија клубот!

Според информациите кои доцна синоќа ги пренесоа италијанските медиуми, Паоло Малдини и Рики Масара решиле да го напуштат Милан по состанокот со сопственикот Гери Кардинале.

Целта на средбата беше да се реши стратегијата за следната сезона, но бројни извори објавија дека се поминало многу лошо, а атмосферата на средбата била катастрофална.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Наводно најмногу тензија имало помеѓу Малдини и Кардинале, а на крајот била донесена одлука Малдини и Масара да си заминат од клубот.

Италијанскиот новинар Даниеле Лонго беше првиот кој објави дека Малдини ја донел одлуката да го напушти клубот, а во тоа наводно го поддржал неговиот прв помошник и десна рака Масара.

Ова ќе значи тотална трансформација на структурите и врвот на Милан каде Малдини и Масара беа задолжени за трансфери и преговарање околу договори.

Ова ќе биде и многу болно збогување за навивачите на Милан бидејќи Малдини е нивниот миленик и целата своја кариера му ја посвети на овој клуб.

Прво, се разбира, беше многу успешен фудбалер, а во 2018 година стана директор на клубот, но на тоа очигледно му дојде крајот.

Навистина никој не можеше да очекува ваков развој на ситуацијата бидејќи сите чекаа да дознаат какви планови има раководството на Милан за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …