Дома Топ вести Солзи и емоции на „Камп Ноу“: Барселона се збогуваше со своите легенди 🎥

Солзи и емоции на „Камп Ноу“: Барселона се збогуваше со своите легенди 🎥

Барселона со 3:0 беше подобра од Мајорка, но бидејќи титулата во Ла Лига веќе е обезбедена во овој натпревар во центарот на вниманието беше збогувањето со Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По завршувањето на натпреварот фудбалерите се повлекува во соблекувалната, а потоа приредија шпалир за двете легенди, тука беше првиот човек Лапорта, тренерот Чави и членовите на стручниот штаб.

„Гордост беше за мене да се носи дресот на Барселона. Сакам да потсетам на една посебна личност која ме доведе во 2011 година – Тито Виланова. Благодарност до моите соиграчи од кои многу научив“, изјави Алба.

Потоа зборуваше Бускетс.

„Благодарност до сите кои беа дел од оваа моја авантура. Од дете сонував да играм тука на овој стадион и горд сум што бев дел од најголемиот клуб во светот, тоа е нешто што никој не може да ми го одземе. Заминувам со исполнет детски сон, но ова не е збогум, верувам ќе се видиме повторно“, изјави Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити, но не преминува во Јувентус!

Галатасарај може да ги наруши плановите на Јувентус кога станува збор за големото летно за…