Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната.
Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа.
Најсилен интерес за него покажуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја започнале битката за неговиот потпис.
„Црвените“ се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување.
Меѓутоа, Манчестер Јунајтед уште минатото лето го сакаше Французинот и Тен Хаг го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“.