Кореецот Кин Мин Јае ја имаше една од најдобрите сезони во својата кариера откако со Наполи стигна до Скудетото, а и самиот признава дека овие денови живее во вистинска еуфорија.
Секако е пресреќен што му помогна на Наполи да стигне до титулата по 33 години, а во изјава за италијанските медиуми ја опиша ситуацијата во градот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пресреќни сме што го освоивме Скудетото, се сомневам дека во иднина ќе доживеам вакви сцени, не знам дали ќе имам повторно можност. Се што се случува е навистина лудо. Многу прослави, пеење, танцување, скокање…Нешто што не сум доживеал претходно“.
Признава и дека малку му е непријатно затоа што не му дозволуваат да плати во ресторан.
„Понекогаш кога излегувам во град ми е малку непријатно затоа што тоа што сум го нарачал сама да го платам, но сопствениците не ми дозволуваат. Дури и кога ќе одлучат да ми наплатат тоа е по половина ценам, не знам што би кажал освен да им се заблагодарам“, изјави Мин-Јае.