Дома Топ вести Салах го напушта Ливерпул, два клуба се борат за неговиот потпис

Салах го напушта Ливерпул, два клуба се борат за неговиот потпис

Англиските медиуми пренесуваат дека Салах најверојатно ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната.

Ливерпул игра лоша сезона и големи се шансите на крајот да остане без пласман во Топ 4 и играње во Лигата на шампиони.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Поради тоа се спремаат големи промени на „Енфилд“ на лето, а „црвените“ се спремни да слушнат понуди за Салах.

Египќанецот оваа сезона има 22 гола и 11 асистенции, но и тој сака да ја промени средината.

Ливерпул верува дека сега е вистинско време за продажба на 30-годишниот крилен напаѓач, а фаворит за неговиот потпис е Пари Сент Жермен.

ПСЖ сака да се ослободи од Нејмар, иднината на Меси е неизвесна, па затоа веќе стапиле во контакт со агентот на Салах и работат на трансферот.

Интерес за Египќанецот покажува и Барселона, меѓутоа Каталонците имаат финансиски проблеми и тешко ќе можат да го реализираат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…